Орална хирургија

Оралната хирургија претставува специјалистичка стоматолошка гранка која се занимава со хируршко лекување на болестите и состојбите кои ги зафаќаат оралната празнина и забите како една нераксинлива целина.  Како таква дисциплина таа постојано се усовршува, модернизира и подобрува. Во нашата клиника се потрудивме во целост да одговориме на тие предизвици, кои од ден во ден се поголеми и посериозни. Почнувајќи од деталниот терапевтски план па се до финалната реализација на зафатите, за пациентите обезбедивме предвидливост, сигурност,минимална инвазивност и безболност. Независно дали се работи за едноставни или комплицирани екстракции на заби, коскени аугментации, или имплантолошки процедури секогаш приодот е ист. Секој оперативен зафат мора да има строга индикација и строго разработен план, а да биде изведен во строги услови на асепса и антисепса во нашата операциона сала опремена по највисоки светски стандарди. Со оглед на тоа дека состојбите во оралната празнина постојано се менуваат, со помош на оралната хирургија мора да се најде совршен баланс помеѓу здравото, функционалното и естетското.Нашата секојдневна работа е водена исклучиво од тие постулати и правила. Само таквата хирургија е успешна и оправдана.