Рентген Дијагностика

Nova Dental Group, ги нуди услугите на еден од најмодерните дигитални рентген апарати Villa Rotograph Prime 3D, чии одлики се висока прецизност, безбедност и ниска доза на зрачење. Рентген дијагностиката во стоматологијата, а особено во оралната хирургија и имплантологија е од клучно значење за предвидливост и успех на терапијата. Овој систем може да најпрецизно во висока 3Д резолуција да ги прикаже сите анатомски структури од долна и средна лицева средина, вклучувајќи ги вилиците, забите, максиларните синуси, темпоромандибуларниот зглоб како и  сите нервно васкуларни структури од интерес.
Дигиталните 3Д и панорамикс снимки веднаш се добиваат на монитор, преку современ софтвер, кадешто се изработува дигитално досие на пациентот, до кое имаме пристап во секое време.