Протетика

Губењето на забите е еден од најголемите проблеми со кој се соочува популацијата. Исто толку голем проблем  и предизвик е нивното надоместување кое мора да ги задржи сите природни карактеристики на естетика и функционалност. Протетиката е гранка на стоматологијата која се занимава со оваа проблематика. Решавањето на секој протетски случај бара големо внимание, интердисциплинарен пристап и вклучување на пациентот со сослушување на неговите желби и замисли, независно дали се работи за фиксно или мобилно протетско решение. Токму тоа се постулатите и начелата кои не водат  до Вашата нова здрава и квалитетна насмевка. Нашата единствена цел е да создадеме насмевки кои траат.