Парадонтологија

Парадонтологијата е гранка на стоматологијата која се занимава со проучување и лечење на потпорниот апарат на забот (пародонт), односно на забното месо, коските и влакната кои го поврзуваат забот за коската.
Нашата поликлиника овозможува квалитетен третман на сите заболувања на пародонтот, вклучувајќи ја и пародонтопатијата како една од главните причини за губење на забите помеѓу популацијата. Најдобрата стратегија за менаџирање на ваквите состојби е правилната орална хигиена на пациентот, како и професионалното чистење и полирање со помош на најсовремени ултразвучни методи, на секои 6 месеци.  Пародонталната болест, на почетокот е асимптоматска и  безболна. Индикација за Вашата прва посета и контролен преглед, би требало да бидат симптоми на лош здив,отеченост на гингивата или крварење при четкањето.