Орална хирургија

Оралната хирургија претставува специјалистичка гранка на стоматологијата која се занимава со лечење на сите хируршки заболувања и состојби во устата, забите и вилиците. Како една  од примарните дејности на нашата клиника, сите орално хируршки интервенции се организирани во најсовремена хируршка сала, која е опремена со сите потребни современи инструменти и апарати за успешно справување со секакви состојби. Независно дали се работи за помали или поголеми хируршки интервенции, пристапот и начинот на припрема пациентот и работното поле е под сите строги стандарди на асепса. Тоа на пациентот му гарантира безболност, безбедност за време на интервенцијата, минимална инвазивност врз ткивата, и соодветна и правилна постоперативна нега.