Имплантологија

Една од најголемите придобивки на современата стоматологија претставува имплантологијата.
Старата идеја како најдобро да се  надомести загубен заб без да се оштетат соседните заби денес е реалност.
Современиот дентален имплант претставува титаниумски шраф, кој се поставува во виличната коска и сраснува со неа преку процес на остеоинтеграција, а служи како замена за коренот на изгубениот заб. Денес, индикативното поле за поставување на денталните импланти е широко, а постапката на поставување претставува рутинска безболна орално хируршка интервенција.
Долгогодишното искуство на нашите хирурзи и едукацијата во најголемите европски центри, но и системите кои се користат во нашата клиника гарантираат успешност и доживотна гаранција.