Естетска и конзервативна стоматологија

Убавата насмевка е помеѓу првите работи што визуелно се забележува кај една личност. Затоа, не изненадува фактот дека се поголем број на пациенти имаат високи естетски барања и посегнуваат кон одредени естетски корективни интервенции на забите.
Иако, веруваме дека здравјето на забите и усната шуплина не треба да се загрозува на сметка на естетиката, сепак секој случај на естетска корекција претставува предизвик кој бара интердисциплинарен  стоматолошки пристап. 
Во простор кадешто хармонијата на структурите е од најголемо значење, анализирањето на сите геометриски концепти на лицето усните и забите е од клучно значење. Решавањето на ваквите случаи често вклучува тим од општи стоматолози, ортодонти, протетичари, орални хирурзи и забни техничари, независно дали се работи за композитни или реставрации од друг тип.

Во нашата клиника се користат најсовремени стоматолошки методи, техники и материјали за создавање на врвни естетски нанокомпозитни реставрации.
Реконструкцијата на помалите дефекти на предните заби од најразлична етилологија (кариес, фрактура) најдобро е да се направи со нанокомпозитна реставрација (нанокомпозитна пломба). Тоа подразбира максимално заштитување на преостанатата забна супстанција, а истовремено да се задоволи естетскиот момент на подолг временски период.
Нанокомпозитните пломби кои се користат го овозможуваат т.н камелеонски ефект на градација на боите кој гарантира успех.

Стоматолозите на Нова Дентал секојдневно учествуваат во изнаоѓање најдобро решение и поставување на симбиоза помеѓу барањата на пациентот, можностите, и начините на решавање на секој индивидуален естетски проблем.