Ендодонција

Нелекуваниот и навреме нетретиран кариес, доведува до заболувања на забната пулпа (забниот нерв). Манифестирани  преку болката како еден од најважните симптоми во стоматологијата, ендодонтските проблеми бараат сериозен пристап кој има за цел да го задржи забот во устата и да се избегне екстракција. Самото ендодонтско лекување на забите и нивната девитализација преставува микрохируршка процедура која во одредени случаи може да трае и до неколку сеанси во зависност од стадиумот на заболувањето.
Материјалите и техниките за исполнување и дезинфекција на коренските канали кои се користат во нашата клиника и стручноста на нашиот тим гарантираат успех во лекувањето на сите пуплини заболувања како и на периапикалните процеси. Ендодонтската терапија секогаш треба да биде терапија на избор  за да се зачува забот, затоа што функцијата и значењето на природниот заб во устата е незаменлива.