Централна стерилизација

Врвна цел во Нашата клиника претставува заштитата на пациентот од интрахоспитални инфекции, како и од  други инфективни заболувања. Само работата во комплетно контролирани услови на асепса и антисепса, може да даде врвни резултати на долг рок. За таа цел имплементирани се строги правила на заштита на медицинскиот персонал и пациентите кои влегуваат во клниката. Врв на ваквиот начин на работа преставува ултра модерната централна стерилизација која комплетно е одделена од оперативниот и амбулантски блок, а опремена е со најсовремени автоклави за стерилизиација, апарати за пакирање на инструменитите и контрола на квалитетот на секој инструмент кој доаѓа до устата на пациентот.
Деталната контрола и протокол на чистење се одвива после секој пациент одделно и секојдневно. Со тоа успеавме целосно да ја доближиме нашата клиника до сите светски и европски трендови на безбедна и контролирана работа.