За нас

За нас

Приватната здравствена установа Нова Дентал Груп е основана на 07.12.2010 година од семејството Бизевски, како оддел за стоматологија во рамките на Поликлиниката Нова Медикал Груп.

Уште од самиот почеток нашата цел беше да се грижиме за оралното здравје на граѓаните на нашата држава, при што отворањето на еден ваков центар беше плод на оваа наша амбиција.

Стручниот кадар и квалитетната услуга се императив во нашата работа во која користиме тераписки постапки кои одговараат на светските стандарди. За многу краток период постигнавме големи успеси кои се мерат преку големиот број задоволни пациенти кои одлучија да го препуштат сопственото здравје во наши раце. Тие пациенти ни создадоа обврска и уште поголема одговорност кон нив и кон сите оние кои одлучија да се лечат во оваа установа.

Нова Дентал Груп располага со современа техника, дијагностички и тераписки методи во решавањето на сите проблеми со оралното здравје, вклучувајќи ги сите орално-хируршки и протетски процедури на лекување, лекување на болести на заби и уста и вилични аномалии. За сите итни стоматолошки интервенции формиравме ургентен стоматолошки центар кој работи 24 часа, 7 дена во неделата, што претставува огромна придобивка за секој граѓанин т.е пациент кој се соочува со проблемот болка и оток што може сериозно да го загрози општото здравје на луѓето.

Во 2013 година тимот се проширува со отворањето на Нова Дентал Хирургија која е во склоп на Нова Дентал Груп. Истата претставува специјализирана установа за хируршко лекување на болестите на забите на устата, како и специјализирана установа во областа на имплантологијата. Тимот што го предводи Спец.Д-р Данчо Бизевски има извршено огромен број успешни операции, а установата е и референтен центар за орална хирургија и имплантологија во која се одржуваат научни, односно едукативни настани.

Специјализираната установа за хирургија на уста, вилици и заби Нова Дентал Хирургија е акредитирана установа и референтен центар за едукација од областа на оралната хирургија и имплантологија. Во досегашното постоење имаме организирано едукативни работилници со реномирани установи и лекари со што успеавме да воведеме стандарди во хируршкото лекување на болестите на устата. Нова Дентал Хирургија е акредитирана и овластена установа за спроведување на школата за имплантологија "Implantologia Basica" којашто се оддржува еднаш годишно каде вклучени се и програми за теоретско - практична едукација и операции во живо со цел подобрување на имплантолошките процедури.

И за крај најсреќни сме што пациентите од најмала возраст, а тоа се нашите деца, успеавме да ги придобиеме за пријатели, ја подигнавме превенцијата на највисоко ниво користејќи  методи и постапки преку кои нема да нè поврзуваат со “лошиот” доктор, туку со добриот и духовит пријател.