Ендодонција
Ендодонција е микрохируршки зафат кој се извршува при појава на воспаление на пулпата ( нервот ) како последица на акутна инфекција на истата. Најчеста причина за појава на инфекција е кариесот. За успешно да се изврши лечењето, потребно е да се извади инфицираната пулпа на забот, добро да се исчистат каналите на корените на забот и тој простор да се исполни со соодветен материјал со што се спречува понатамошното продирање на бактеријата.
Воспаление на пуплата најчесто се јавува:
- на заби кои имаат несаниран и длабок кариес
- интердентален кариес – кариес кој се јавува помеѓу два заба
- под големи пломби кои веќе не пасуваат идеално
- кај заби со многу повторувани интервенции
- под коронки и мостови, како резултат на некроза на пулпата
- скршени заби
- повреда на забот