Детска стоматологија

Детската стоматологија се состои од пратење на растот и развојот на усната шуплина и вилица на децата, како и превенција и санација на кариес и други орални заболувања. Најмногу се обрнува внимание на превенцијата затоа што во тој период најважно е да се развие хигиенската навика кај децата.

Контролните прегледи кај децата започнуваат веднаш штом ќе изникнат млечните заби со што на време би се приметиле можни промени во иднина, а родителите се советуваат за важноста на превентивните мерки и чувањето на оралното здравје кое вклучува:

  •    правилно четкање на забите и избор на четка и паста за заби
  •    правилна исхрана
  •    одржување здрави млечни заби
  •    едукација за кариесот
  •    професионална флуоризација на млечните заби
  •    рано препознавање на ортодонтски аномалии
  •    залевање фисури и заштита на млечните заби