Естетска стоматологија

Естетиката на забите е една од основните карактеристики на луѓето, особено кога се смееме. Но забите се важен дел и од лицевата естетика, а денес постојат бројни начини за нивна корекција без разлика дали се работи за недостаток како што е неправилност кај забите или појавување на некакви флеки и промени на истите.

  • Белеење на заби

Работиме професионално белеење на заби преку кое може да се добијат и до 7 нијанси побели заби. Отстранување на пигменти на заби со полир паста, гумички и пескарење.

  • Композитни фасети

Помали корекции на забите изведуваме со комопзитни фасети. Оваа процедура се работи по посебен проткол кој овозможува трајност и висока естетика на фасетите, а се извршува кај случаи индицирани за ваква реконструкција.