Рентген Дијагностика


Современата стоматологија не може да се замисли без добра  рентген дијагностика која е надополнување на сите дијагностички методи.
Nova Dental Group, ги нуди услугите на еден од најмодерните дигитални рентген апарати Villa Rotograph Prime 3D, чии одлики се висока прецизност, безбедност со  ниска доза на зрачење. Рентген дијагностиката во стоматологијата, а особено во оралната хирургија и имплантологија е од клучно значење за предвидливост и успех на терапијата. Овој систем може да најпрецизно во висока 3Д резолуција да ги прикаже сите анатомски структури од долна и средна лицева средина, вклучувајќи ги вилиците, забите, максиларните синуси, темпоромандибуларниот зглоб како и  сите нервно васкуларни структури од интерес. Освен тоа постoи можност за дигитално мерење на димензиите на овие структури како и на промените во нив.
Дигиталните 3Д и 2Д панорамикс снимки брзо и едноставно се добиваат на монитор, преку современ софтвер, кадешто се изработува дигитално досие на пациентот, до кое имаме пристап во секое време.