Прва онлајн конференција по орална хирургија и имплантологија

На 23 Април 2020 година, Спец. Др. Данчо Бизевски, се претстави со свое излагање и предавање на една од првите онлајн конференции од областа на оралната хирургија и имплантологија во нашата земја. Целокупниот настан организиран под покровителство на Vesica, наиде на широк интерес помеѓу клиничарите од сите области на стоматологијата. Во своето излагање со наслов
 “ Хируршки аспекти при имедијатна постава на импланти во естетска зона” , Др. Бизевски се осврна на една од главните преокупации на модерната имплантологија, проблемите кои настануваат при решавањето на парцијалната беззабост во горната вилица, техниките на надоместување на загубен заб во зоната на насмевка, можните решенија и неуспеси при надградувањето на засгубеното ткиво. Иако сознанијата и литературните податоци за оваа проблематика се оскудни, излагањето постигна широка конструктивна дискусија на обострано задоволство, што е добар показател за движењето кон современите имплантолошки трендови.
Со свои излагања особено од областа на на регенеративната имплантологија и орална хирургија,  се претставија и  Проф. Др. Даниела Велевска – Стевковска, вонреден професор на Катедра по Орална Хирургија на Стоматолошки Факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, и 
Др. Спец. Славица Ѓурческа – Горјанска, специјалист по орална хирургија.