Патував 36 часа од западниот брег на Канада, до Македонија за да се оперирам кај Др. Бизевски

Целосното губење на забите во вилиците е еден од најголемите медицински проблеми за секој пациент, а голем предизвик за секој доктор по дентална медицина. Мобилните протетски решенија ( протези ) од функционален аспект во голем дел од случаите не ги задоволуваат очекувањата на пациентите и се само почеток на други медицински проблем, особено во долната вилица. Модерната имплантологија за решавање на ваквите состојби, нуди еден успешен и проверен концепт наречен all on four, концепт што успешно се спроведува во нашата клиника. Главната идеја е поставување на 4 импланти во долната вилица, и изработка на привремен мост веднаш по хируршката интервенција. Со тоа пациентот уште во истиот ден добива заби, и започнува периодот на физиолошка рехабилитација на сите орални ткива,а тоа е најпосакуваниот правец и исход од лекувањето на беззабоста.
Приказната на пациентката Катерина Митевска,професор по Англиски јазик и менаџер во канадски пошти, е една од многуте успешни приказни за кои вреди да се зборува.  Иако во краток временски период, под посебни услови и состојби, среќни сме што сме дел од нејзиниот успешен и среќен крај.
 


Кои беа претходните искуства, пресудни за изборот на лекување во нашата установа?
Претходно веќе имав една успешна интервенција во горната вилица. Ми беше вградена вештачка коска и беа поставени 6 импланти, врз кој беше изработен мост. Одтогаш поминаа 6 години. Интервенцијата помина успешно, безболно и без компликации. Тогаш, а и сега пресудна беше сигурноста која Др. Бизевски ја влеваше кај мене,како загрижен и исплашен пациент. Таа се темелеше на едноставно објаснување на процедурата и решенијата кои се нудеа, за кои знаев дека беа едни од врвните во денталната медицина.

Со какви проблеми се соочувавте пред интервенцијата?
Процедурата која се изведе во Јануари, годинава, за мене беше многу важна, а во исто време гледано од медицински и хируршки аспект многу сложена. Долго време проблеми имав  со гингивата,забите и мостовите од долната вилица. Дел од коската од десната страна беше видлива поради повлекување на гингивата. Тие простори тешко се одржуваа со конвенционалните методи на орална хигиена, па беа склони кон тешки инфекции кои се повторуваа неколку пати, пропратени со отоци, главоболки и гноење. Бев убедена дека тоа е проблем што мора итно и сериозно да се реши.
 

Кои беа решенијата за решавање на вашата состојба?
Посетив 3 дентални клиники во Канада, две од нив не понудија некое издржано естетско и функционално решение, а  третата не ми влеа доволна доверба заради долгиот период кој морав да го поминам без заби. Во тој период разговарав и со Др. Бизевски, кој по долги анализи и планирање ми го понуди концептот all on four за решавање на беззабоста во долната вилица. Тој концепт се базираше на екстракција на мостовите, забите и патолошките процеси и истовремено поставување на 4 импланти врз кои ќе се изработи привремен хибриден мост. И сето тоа за неколку работни денови. Ентузијазмот, позитивната енергија беше пресудна интервенцијата да ја извршам во Скопје, во Нова Дентал Груп.

Како протече интервенцијата, и како сето тоа го поднесе Вашиот организам?
Самата интервенција траеше 3-4часа, а се изведе во локална анестезија. За време на интервенцијата ми беа екстрахирани преостанатите 8 заби, кои беа во очајна состојба. Десната страна која беше најпроблематична беше исчистена од сите патолошки процеси и беше вградена вештачка коска. Истовремено беа поставени 4 импланти. Набргу, по интервенцијата беа земени отисоци за изработка на привремен хибриден мост, кој беше поставен наредниот ден.Морам да истакнам дека откако помина дејството на анестезијата, јас воопшто немав никакви нелагодности и болки. Отокот беше незначителен, и не беше нарушено моето секојдневно функционирање. Се помина едоставно и безболно, а Др. Бизевски и неговиот тим целосно ја оправдаа довербата
 

Какви се вашите крајни впечатоци?
Иако живеам многу далеку, каде што многу пациенти се ориентирани кон Јужно-Америчкиот пазар за дентална медицина, јас во секоја прилика и можност раскажувам за “мојата” клиника во Скопје, за тимот, модерната технологија која ја практикуваат, хуманоста и позитивната енергија.  Се надевам дека ќе успеам  да заинтересирам и охрабрам и други пациенти кои ги имаат истите проблеми, да дојдат и да се уверат во моите зборови, бидејќи освен светската медицинска услуга која се нуди во Нова Дентал Груп, градот Скопје и Македонија нудат одлични услови за туристичко разгледување.