Нова Дентал Груп, дел од проектот "Мој Карпош - Моја Картичка"

На ден 13.07.2018 година, на тенискиот клуб во хотелот „Александар Палас“,пред околу стотина претставници од бизнис секторот кој делува на територијата на локалната самоуправа, како и пред медиумите, се одржа промотивен настан на кој беше претставен најновиот проект на Општината  кој треба да го анимира бизнисот и да им донесе бенефит на граѓаните на Карпош.
Станува збор за проектот Мој Карпош – Моја Картичка  во кој заеднички се вклучуваат во креативна и оригинална деловна интеракција (единствена од ваков вид во Карпош, Градот Скопје и Републиката) бизнис заедницата, граѓаните и локалната власт. По тој повод со особена чест, како дел од бизнис заедницата на Општина Карпош, говор одржа и Спец.Д-р. Данчо Бизевски. Со тоа Нова Дентал Груп се вклучува, и е силен поддржувач на проектите кои се од општо добро и го олеснуваат животот на граѓаните на град Скопје и Општина Карпош.