Известување за режим на мирување

Почитувани пациенти,

Согласно задолжението од Министерство за здравство на Република Северна Македонија, а со цел заштита на населението и спречување на ширење на вирусот
COVID-19, Ве известуваме дека нашата Приватна Здравствена Установа, се става во режим на мирување, т.е нема да работи во периодот кој е определен од здравствените власти.

Жителите на град Скопје, вклучително и сите наши матични пациенти, доколку имаат потреба од ИТНА СТОМАТОЛОШКА ПОМОШ ( силна и постојана забоболка, акутна одонтогена инфекција, крварење од устата што не запира и фрактури на забите и вилиците) може да се обратат на еден од пунктовите определени од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, по претходна телефонска консултација со матичниот стоматолог. Пунктовите се:

1.  Универзитетски Стоматолошки клинички центар
Св. ПантелејмонСкопје
2. Поликлиника Ѓорче Петров
3. Поликлиника Бит Пазар
4. Поликлиника Јане Сандански

Ги повикуваме сите пациенти на разбирање и трпение во однос на новонастаната ситуација. Истовремено, ги советуваме да се придржуваат кон препораките од надлежните институции за полесно да се премости кризата, која ги афектира сите пори на нормалното живеење и функционирање.
За дополнителни прашања стоиме на располагање на еден од долунаведените броеви:

Со почит,
Спец. Др. Данчо Бизевски

Контакт лица и носители на дејност:

1. Носител на дејност по општа стоматологија
Др. Соња Андонова – доктор по општа стоматологија
Тел: 078 332-387

doktorsonja@gmail.com

2. Носител на дејност  по орална хирургија
Спец.Др. Данчо Бизевски – орален хирург
Тел. 078 395-167
drbizevski@gmail.com