Известување

Почитувани пациенти и соработници на Нова Дентал Груп,

Во нашето 7годишно постоење ја стекнавме вашата доверба да бидете наши пациенти и соработници во стручното усовршување преку организација на настани од едукативен карактер кои несебично ги споделивме со стручната јавност. Поминувајќи низ вашите здравствени проблеми, постојано вложувавме во технологии и методи со цел унапредување на вашето здравје. Денес имам чест да ве информирам дека подготовките за новата клиника, кои ги отпочнавме пред 1 година, се при крај. Во клиниката ќе добиете врвни здравствени услуги на ниво на светските стоматолошки клиники. За сите детали во однос на новата клиника, како и за придобивките од посебните оддели ќе бидете информирани во некоја од некои наредните објави.

Во прилог е доставена локацијата како и слики од тоа како ќе изгледа новата клиника Нова Дентал Груп. 

Со почит,

Спец.Др.Данчо Бизевски. 

https://www.google.mk/maps/place/Varsavska+4,+Skopje+1000/@42.0006681,21.3968362,17z/data=!3m1!4b1!4m5!3m4!1s0x1354146b994defbf:0xc3cea692436d42fa!8m2!3d42.000668!4d21.399024?hl=en

чекална

 

 

ординација

 

ходник

 

операциона сала

 

канцеларија