IX Симпозиум со меѓународно учество на здружението на специјалисти по орална хирургија на Македонија

На 9.06.2018 во просториите на Жан Митрев Клиник, се одржа IX Симпозиум со меѓународно учество на специјалисти по орална хирургија. На овој настан со свои излагања се претставија еминентни орални хирурзи од земјата и странство. Спец. Д-р. Данчо Бизевски се претстави со темата  “Синус лифт, една од најсигурните техники на регенеративна хирургија”, што претставува посебен осврт  на техника што е многу важна за беззаби пациенти кај кои дното на максиларниот синус е препрека за имплантација. Преку теориски осврт и прикази на случаи, присутните беа запознаени со оваа метода која редовно и рутински се извршува во Нова Дентал Хирургија. Тоа претставуваше значаен чекор и шанса да се дискутира за сите предности, недостаоци,дилеми и компликации со кои може да се сретне еден хирург при изведувањето на синус лифт техниката, што наиде на посебен интерес  и обострано задоволство.