IV Ден - Следење хирургија во живо (Live Surgery)

Круна на курсот Implantologia Basica 4, претставува следењето хирургија во живо преку посебна видео конекција во реално време. Учесниците на курсот ќе добијат исклучителна можност да бидат сведоци на изведувањето на сите претходно споменати  процедури во хируршка сала. Операционата сала на Нова Дентал Хирургија и тимот на Нова Дентал Хирургија ги отвараат вратите на оваа установа во име на науката. Во тоа име ќе бидат практично изведени следните сложени орално хируршки процедури:

1. Имплантација во максила, со затворен синус лифт
2. Имплантација во мандибула
3. Имплантација во максила, со отворена метода на синус лифт
4. Имедијатна имплантација
5. Поставување на привремен абатмент
6. Отпечатување за изработка на дефинтивни протетски конструкции