Implantologia Basica 5 и тимот на Д-р. Бизевски помеѓу студентите на Тетовскиот Универзитет

Како дел од научната програма на 3-тиот Меѓународен Конгрес на медицински науки организиран од Тетовскиот Универзитет во хотел Метропол, Охрид, се одржа курсот за орална хирургија и имплантологија, Implantologia Basica 5.
Целта на курсот годинава, беше внесување и запознавање на студентите по дентална медицина со основните орално хируршки и принципите на современата орална имплантологија.
Под водство на Д-р. Данчо Бизевски и Проф. Д-р. Јетмире Алимани Јакупи, посебно внимание беше посветено на сите предоперативни, оперативни и постоперативни сложени процедури. Студентите имаа можност да ги систематизираат и прошират своите знаења теориски, но и практично изведувајќи ги имплантолошките и протетските процедури на животински и фантомски вилици. Курсот којшто се одржа во една позитивна и пријателска атмосфера, покажа огромна заинтересираност и мотивација на идните доктори по дентална медицина во однос на имплантологијата, но што е најважно и почит кон една од најсериозните гранки во стоматологијата, оралната хирургија. Свое обраќање на курсот имааи ректорот на Тетовскиот Универзитет Проф.Д-р. Вулнет Амети, и деканот на Медицинскиот Факултет при Тетовскиот Универзитет, Проф.Д-р. Кастриот Хаџиреџа. Тие ја истакнаа важноста на курсот за идните доктори, нагласувајќи дека мисијата на Д-р. Бизевски и неговиот тим е пример што треба да се следи за да се обезбеди поквалитетно здравство за идните генерации. Успешноста на Implantologia Basica 5, отвори ново поле на соработка и идеи, кои на обострано задоволство и надеж ќе траат и во иднина.

'''

 

'''

 

'''

 

'''

 

'''

 

'''