Implantologia Basica #2

Почитувани колеги, соработници и учесници на Implantologia Basica #2,

Изминаа две недели од завршувањето на школата за имплантологија во организација на Везика, а потпомогната од сите нас. И покрај секојдневните обврски во мојата клиника, импресиите ми се толку силни што сакав искрено да ги споделам со сите вас.

Бевте прекрасен тим за соработка на кои успеав да им пренесам се што знам и умеам, да ги пренесам моите добри и лоши искуства со цел да извлечеме поуки и вештини со кои би превенирале компликации, а ќе донесеме и техники и методи со преку кои ќе го подобруваме здравјето на луѓето.

Вие сте лекари кои поминавте низ четиридневен курикулум на теоретско - практични збиднувања каде покажавте голем интерес и мануелност во севкупната ваша работа. Исто така ме "бомбардиравте" со прашања од интерес на имплантологијата, а со посебен осврт на планирањето на терапијата што ми даде за право да констатирам дека имам вистински слушатели и соработници. Се случи и форумот "отворено", настан преку кои сакав да ви прикажам различности, проблеми со кои се соочуваат нашите колеги и нивните решенија. На крајниот дел кој беше претставен преку четвртиот модул, прикажавме како се работи во живо вклучувајчи ги сите можни предизвици коишто можат да ви се случат.

Се надевам дека бевте задоволни од нашата работа како и од организацијата на еден ваков настан. Ако тоа е така, ние ја постигнавме целта. Од вас очекувам да работите и да ги фотографирате сите случаи и на наредниот ваков курс на Базика ве очекувам на форумот каде би можеле детално да ги разгледуваме и коментираме сите нејасности и дилеми во областа на имплантологијата и оралната хирургија. Ви стоиме на располагање со целиот наш капацитет доколку процените дека тоа е потребно.

За крај, сакам да ви се заблагодарам што одвоивте од вашето драгоцено време да бидете дел од овој настан, како и да ви ги честитам Новогодишните и Божиќните празници посакувајќи ви многу здравје и среќа во вашите домови и семејства.

Др.Данчо Бизевски, спец.орален хирург