Д-р. Данчо Бизевски, дел од Lake Como Institute, под раководство на врвниот хирург и професор Tiziano Testori

Спец. Д-р. Данчо Бизевски, со поддршлка од Везика и Biohorizons ја имаше честа да биде дел од Lake Como Institute во Комо, Италија. Институтот претставува една од најврвните едукативни установи во Европа од областа на оралната и максилофацијалната хирургија.  Под водство на еминентниот и светски познат  Prof. Tiziano Testori, во друштво на врвни хирурзи од целиот свет беа изведени најсложените операции на максиларниот синус. Тоа подразбира менаџирање на тешко болни пациенти и решавање на компликации при несоодветна имплантна терапија во постериорна максила. Новите методи, гледишта и искуства кои со себе ги понесе Д-р. Бизевски се основа за развој и унапредување на здравствениот ситем во нашата земја. Менаџирањето на проблемите со максиларниот синус, полека, но сигурно се доближува до сите светски и европски стандарди. Со тоа се отвара една нова ера и поглавје на оралната хирургија и имплантологијата во Р. Македонија.

 

''

 

''

 

''

 

''''