Academia Implantologia

Континуираната едукација, споделувањето на знаењата и искуствата со колегите се можеби најфундаменталниот сегмент од развојот на современата медицина. Тие се столб во развојот на здрави генерации, успешни и посветени доктори по дентална медицина. Поведен и инспириран од ваквата мисија,  Д-р. Данчо  Бизевски и неговиот тим, во соработка со Vesica и F-Dental, ја формираат  Academia Implantologia, во Приштина, Косово. Во време кога имплантологијата зема се поголем замав, Academia Implantologia, преставвува одличен начин да се ситематизираат сите хируршки и протетски принципи, да се подигне свеста, но и да се укаже на сериозноста и ризиците кои ги носат сите овие процедури. 
Концептот  на  Academia Impantologia е едноставен. Поделен во 6 модули кои ја следат целата постапка уште од самиот прием на пациентот, се до моментот кога ја добива протетската изработка во устата, процес кој бара голема посветеност, планирање и теоретска подготвеност. 

Првиот модул одржан од 30.03.2018 до 02.04.2018г во хотел Sirius , е посветен на основните орално-хируршки процедури, принципите на имплантација и предоперативно планирање. Се состои од теоретски и практичен дел. Во теоретскиот дел детално се опишуваат анатомските основи на горната и долната вилица, сите структури кои се значајни кога се планира една имплантација. Значајно внимание се посветува на индикациите, контраиндикациите и клиничкиот аспект на работата преку основните и најсовремените дијагностички процедури. Кандидатите ги изучуваат основните хируршки принципи и начинот на имплантација, што е и основа за практичниот дел од работата кој се одвива на животински и фантомски вилици. Модулот се заокружува со изучување на оперативните и постоперативните компликации кои настануваат при имплантната терапија, за на крај кандидатите да можат да следат  хирургија во живо.
Вториот модул е одржан на 12.05.2018 и 13.05.2018 година. Главна тема е импланто- протетската терапија. Се изучуваат сите можности на протетско санирање на забалото после успешната имплантна терапија, идникациите и контраиндикациите за фиксна или мобилна изработка, нивните варијации, паралелно, со посебен осврт кон фазите кои се одвиваат во заботехничка лабораторија и во стоматолошка ординација. Практично, кандидатите ги изучуваат техниките на отпечатување за фиксно протетичка изработка, после поставувањето на импланти на фантомски вилици, а беа во можност повторно да следат поставување на импланти во живо и отпечатување со техниката на отворена лажица. 
Со голем ентузијазам и енергија, следува  III модул на Academia Implantologia, хирургија на максиларниот синус.