8 ми Меѓународен конгрес на Хрватското друштво за дентална имплантологија - Сплит, Р.Хрватска

Др. Данчо Бизевски заедно со неговиот тим во периодот од 10-12 Октомври 2019,активно учествуваа на 8ми Меѓународен конгрес за дентална имплантологија во Сплит, организиран од Друштовото за дентална имплантологија на Хрватска. Настанот беше збогатен со голем број на еминентни предавачи, кои се престравија со свои излагања во однос на проблемите и предизвиците со кои се соочува модерната имплантологија. Темата на излагањето на Др. Бизевски и неговиот тим (коавтори: Кирилов Б, Маркоски Н, Влашки З, Бајрамов Е), "Мандибуларна имплантација кај пациенти на бисфосфонатна терапија и со одонтом", отвори сериозна дискусија за можноста и начините на лекување на пациентите кои имаат системски онколошки проблеми, но и локални бенигни тумори кои ја отежнуваат имплантолошката терапија. Со оглед дека тоа се предизвиците со кои ќе се занимава оралната хирургија и имплантологија  во иднина, излагањето наиде на голем интерес и одобрување од поширокиот аудиториум, од кое беа извлечени голем број на значајни заклучоци и насоки на клиничко делување.