10 години Нова Дентал Груп

 

Да постоиш значи да се родиш,да растеш,да се развиваш,да создаваш.
Создавањето е визија и поттик за напредок...

Нова Дентал Груп постои поради Вас,нашите пациенти.
Вашето здравје и вашата доверба отсекогаш ни биле на прво место.Таа одговорност ја превземавме од самите наши почетоци, сериозно, студиозно и посветено, цели десет години. За таа цел, во текот на годините формиравме тим  должен да одговори на висината на високо поставените цели.
За постигнување на врвни резултати во нашата работа кои се видливи и за кои неможе да се импровизира, обезбедивме најсовремена медицинска опрема опрема без која неможе да се замисли денешната современа дентална медицина.Одделите кои ги формиравме како посебни работни единици, опремени по најсовремени техничко технолошки светски стандарди,оставаат резултати од непроценлива вредност за здравјето за нашите пациенти.

Одделот за орална хирургија и имплантологија е императивот и столбот на постоењето на нашата установа.Тој се состои од најсовремена операциона сала конструирана по сите светски стандарди,со најсовремена опрема за хирургија на устата,вилиците и забите, хирушка амбуланта во која се извршуваат едноставни амбулантски хируршки интервенции,  како и хирушка предсала за припрема на хирурзите за изведување на орално хирушки интервенции.
 

'''

  

Одделот за централна стерилизација е сонот кој го имавме од самиот почеток,а тоа е  нула инфекција за сите пациенти.Со формирањето на овој оддел и инвестицијата во опремата за работа во асептични услови не само во хирушкиот оддел,туку и во амбулантните стоматолошки интервенции, ги достигнавме и исполнивме највисоките критериуми на аспеса и антисепса.

'''

 


Сигурноста и здравјето на нашите пациенти ни беше на прво место многу пред состојбата со корона пандемијата,при што и пред неа посветувавме најголемо внимание на хигиената и дезинфекцијата на нашите ординации,односно стерилизацијата на инструментите.

Нашата клиника е градена по највисоки светски стандарди, до таа мера што водата што протекува низ стоматолошките столици е дестилирана и безбедна,а воздухот стерилизиран со најсовремени гермицидни и вируцидни  UV ламби.
Постои протокол на темелна дезинфекција и стерлизација на работниот простор после секој пациент одделно. Секој пациент добива комплет со стерилни пакирани инструменти,што ја гарантираат неговата безбедност, и гарантираат успешна интервенција од секој аспект.

За да се постави  прецизна дијагноза на состојбата на пациентот во усната шуплина и да се примени идеална терапија,нашиот оддел за радиологија ги користи најсовремените технологии и апарати за радиодијагностика.
Овој облик на дигитална технологија на снимање овозможува креирање на панорамски и тридимензионални снимки на вилиците и потпорните структури,со систематски приказ на повеќеслојни слики и прецизна идентификација на анатомските структури во усната шуплина, врз чија основа стоматологот ги стекнува клучните дијагностички информации за комплетните анатомски структури на стоматогнатниот систем.
3Д технологијата е значајна во нашата клиника за планирање на имплантолошките и орално-хирушките зафати благодарение на огромната прецизност на сликите и програмите за хирургија  што ја олесна целокупната процедура за нас лекарите, но и за пациентите.
3Д приказите се користат и во областа на ендодонцијта и лекувањето на забите со сложена анатомска морфологија на коренските канали, што е од голем успех на понатамошната терапија и прогноза за зачувување на природните заби на пациентот.
 

Одделот за општа и реконструктивна стоматологија се грижи за зачувување на природните заби на пациентите.Последните неколку години неговиот равој достигна такво ниво што сериозно го намали бројот на протетските рехабилитации.Тоа го имплементираа младите колеги кои воведоа светски стандарди на лекување кои се препознаени и поздравени од нашите пациенти.
 

 

Одделот за протетика на вилици  и заби  е предводен од еден од најискусните протетичари во областа.Тој ја кординира и надгледува работата на протетската рехабилитација кај нашите пациенти со примена на конвенционални и современи софистицирани технологии од страна на нашите лекари.
 

Одделот за детска стоматологија е целосно посветен на најмладите пациенти кои бараат посебни методи на работење.
Со нив треба да се работи брзо и ефикасно поради стравот и анксиозноста од стоматолошки интервенции.Нашите доктори по дентална медицина умеат да го пренесат мирот и ведрината на секое дете,а со тоа се овозможува успешно лечење, и најважно од се, стекнување на доверба и навики во одржувањето на оралното здравје.

 

 

Во овој период од една деценија станавме регионален центар за едукација на нашите колеги,низ кои поминаа преку 500 едуцирани колеги од областа на хирургијата и имплантологијата.Школата Implantologia Basica е синоним за отпочнување на работа со импланти,која опфака ,теоретска ,практична работа на животински и демо модели,работа во операциона сала со пациенти под водство на Спец. Др Данчо Бизевски, како и двонеделен турнус за сите учесници низ кој целосно се опфаќаат сите клинички фази во имплантолошката терапија.
Идеите за професионален развој не застануваат тука.
Десетгодишното постоење не научи дека следењето желбите и потребите на пациентите и современите светски текови се единствениот начин на креирање на иднината. Денталната медицина со големи и брзи чекори, чекори напред, а наша должност како тим е да ги следиме тие текови. Денес, на десетгодишнината на нашето постоење ветуваме, новитети, ветуваме посветеност и пожртвуваност. Ветуваме светска стоматологија и орална хирургија. Затоа што здравјето на пациентите е пред се.                                                                     

 .