Д-р Николче Маркоски

Oral surgeon

Роден е на 12 декември 1984 година во Струга, Република Македонија. По завршувањето на средното медицинско училиште во Битола, каде се стекнува со називот стручен забен техничар, во 2003 година се запишува на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

По завршувањето на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје во 2008 година, се стекнува со стручниот назив дипломиран доктор по стоматологија. Истата година се запишува на постдипломски студии од областа на максилофацијалната хирургија. Во периодот од 2009-2010 година работел во приватна здравствена установа во Струга.

Во 2010 година започнува специјалистички студии по орална хирургија на Стоматолошкиот факултет во Скопје и истите ги завршува во 2014година со што се стекнува со називот специјалист по орална хирургија.

Од 2011 година работи како доктор по општа стоматологија во ПЗУ Нова Дентал Груп во Скопје, а од 2016 година работи како орален хирург во Нова Дентал Хирургија. Во меѓувреме посетува повеќе обуки и курсеви од  повеќе области на стоматологијата, пратејќи ги современите трендови во стоматологијата и редовно учествува на национални и меѓународни конгреси и симпозиуми од областа на стоматологијата.  Член е на Стоматолошката комора на Република Македонија.