Д-р Данчо Бизевски

Oral surgeon

Роден е на 16.06.1977 година во Битола, Република Македонија. Средно медицинско образование завшува во 1997 година во Скопје. Дипломирал на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје и се стекнал со назив дипломиран доктор по стоматологија.

Во 2008 година запишува магистерски студии од областа на максилофацијалната хирургија, а во 2009 година започнува со специјалистички студии по орална хирургија на и истите ги завршува во 2012 година со што се стекнува со називот специјалист по орална хирургија.

Во периодот од 2005-2010 година работел на одделнието за орална и максилофацијална хирургија во воената болница во Скопје. Од 2011 година работи како стоматолог и воедно директор на приватната здравствена установа Нова Дентал Груп. Во 2013 година почнува со работа како орален хирург во приватната здравствена установа Нова Дентал Хирургија, а воедно и како директор на установата.

Во 2015 година запишува докторски студии од областа на орална хирургија и имплантологија на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”, Скопје, Катедра за орална хирургија. Има објавено повеќе трудови и публикации од разни области на стоматологијата на националните и меѓународни стоматолошки конгреси и симпозиуми, како и присуство на бројни стручни едукации во областа на оралната хирургија и имплантологијата.

Од 2015 година е акредитиран предавач на Имплантологија Базика. Член е на Стоматолошката комора на Македонија, на Македонското стоматолошко друштво како и на Управниот Одбор на Оралните хирурзи при МСД.